
Сигурносен вентил за бојлер (со рачка) 1/2" Aquasan
Сигурносен вентил за бојлер (со рачка) 1/2" Сигурносниот вентил е задолжителен додаток кај секој бојлер (освен кај малите кујнски бојлери) и се вградува на местото каде што влегува ладната вода во бојлерот. Тој има важна функција во спречување на висок притисок кај бојлерите со голема литража (од 30 литри па нагоре). Поради тоа е важно да биде вграден на самиот влез на ладната вода, со цел водата да поминува низ него. Испробајте го AQUASAN сигурносниот вентил за бојлер и веруваме дека ќе пронајдете совршен партнер во него. Овој сигурносен вентил поседува рачка.



















