
Пур пена во спреј 750мл Wurth
Пур пена во спреј 750 ml Wurth Примена: Еднокомпонентна, веднаш употреблива пиштолска пена за разни градежни примени, пр. заптивање на споеви и продирања, монтажа на рамки за прозорци и врати, топлинска и акустична изолација. Високата издашност овозможува да се заврши поголема работа со една боца. Со нискиот притисок на стегање и умереното дополнително ширење се избегнува деформирање на градежните елементи. Добро се прилепува на повеќето материјали, како што се: дрво, бетон, камен, гипс, метал, ПВЦ и полистирен. Упатство за употреба: Температура на употреба: Температура на воздухот за време на употреба: +5 °C до +30 °C. Најдобри резултати на +20 °C. Подготовка на површината: Отстранете ја прашината, расфрланите честички и маснотијата од површините. Навлажете го сувиот супстрат за да осигурате подобри резултати. Заштитете ги соседните површини со хартија, пластична фолија или друг соодветен материјал. Начин на употреба: Силно протресете ја боцата најмалку 20 пати. Држете ја боцата со пена во исправена положба, свртете го пиштолот кон боцата држејќи ја рачката на пиштолот со една рака и свртете ја боцата со другата рака. Уверете се дека пиштолот не е насочен кон другите лица кога го вртите. Боцата не смее да се одвртува кон пиштолот со вентилот свртен наопаку или со вртење на пиштолот на боцата. Свртете ја боцата наопаку и почнете со употреба. Излезот на пена може да со прилагоди со активаторот на пиштолот. Кога пената се нанесува во слоеви, малку навлажнете помеѓу секој слој. Чистење: Нестегнатата пена може да се отстрани со ацетон, а стегнатата пена со механички средства. Складирање и рок на употреба: Загарантираниот рок на употреба е 12 месеци од датумот на производство, доколку се складира во неотворено пакување на ладно и суво место на +5 °C до +30 °C. Боците со пена не смее да се складираат на температура над 50 °C, во близина на извори на топлина или да бидат изложени на директна сончева светлина. Складирајте и транспортирајте во вертикална положба. Ограничувања: Пената не се прилепува на телефонски, полиетиленски и силиконски површини. Стегнатата пена е чувствителна на УВ светлина и директна сончева светлина и затоа мора да се прекрие со соодветно непроѕирно средство за пополнување филер, боја или друг материјал. Безбедносни прописи: Користете ја пената само во добро вентилирани простори. Не пушете за време на употреба! Користете заштитна опрема кога е потребно. Чувајте ја подалеку од дофат на деца. За повеќе информации, погледнете ги ектикетата и листот на безбедносни податоци (SDS). Достапност: Продавници и online