Пур пена спрејска 750ml Workshopr Wurth

Пур пена спрејска 750ml Workshopr Wurth

Од 200 мкд
Пур пена спрејска 750ml Workshopr Wurth
MKD 200.00

Примена: Еднокомпонентната пур пена е наменета да се користи при монтажа на прозорци и врати, пополнување на разни видови на слоеви, пополнување на отвори и пукнатини исто така и за топлотна и звучна изолација. Компатибилна е со поголем број на материјали, како што се дрво, гипс, метал, PVC итн. Карактеристики: Отпорност на вода, топлина и ниски температури, различни видови на хемикалии. Не е отпорна на УВ зрачење. Не лепи замастени и замаслени површини, PTFE, PE и PP. Употреба: Пред употреба, подлогата треба да биде влажна, но не смее да биде замрзната. Пакувањето пур пена треба да биде најмалку 1 час на иста температура каде што е местото каде што треба да се користи и на тој начин би се изедначиле температурите пред употреба. Пакувањето треба да се протресе најмалку 20-30 пати пред употреба и потоа се монтира пластичниот апликатор (нанесувач). При употреба вентилот треба да биде поставен надолу. Препорачливо е одеднаш да се потроши целата количина. Подолгите паузи го зголемуваат ризикот од зацврстување на пур пената а со тоа да се оневозможи повторно користење. Складирање: Производот се чува на суво и темно место на температура од +5°C до +25°C. Складирањето на места каде што има повисока температура го намалува рокот на употреба на производот. Транспортирајте ги пакувањата во исправена положба. Технички податоци: Препорачана температура на подлогата и околината за време на употребувањето е +5°C до +35°C (оптимална температура +20°C). Не е леплива после 8 - 12 минути и може да се сече по период од 40 минути (пречник на лента 2cm). Максималната промена на обликот е до 3%. Овие податоци важат за температура од +20°C и релативна влажност на воздухот пд 60%. Рок на употреба: 12 месеци од датумот на произведување.