Масло за дрво 0,5 л. Food Contact Belinka

Масло за дрво 0,5 л. Food Contact Belinka

Од 630 мкд
Масло за дрво 0,5 л. Food Contact Belinka
MKD 630.00

Belinka Oil Food Contact е био импрегнација врз база на рафинирани растителни и минерални масла со додатни ароматични масла што се употребува за заштита и одржување на големи и фурнирани дрвени површини во затворен простор. Соодветно е за површини кои се во контакт со храна или се наменети за подготовка или сервирање на храна. безбојна био импрегнација за заштита и одржување на дрвени површини што доаѓаат во контакт со храна импрегнацијата се апсорбира длабоко во дрвото ја и ја прави површината отпорна на вода Се употребѕва за импрегнација и одржување на големи и фурнирани дрвени површини што се употребуваат за подготовка и сервирање на храна (кујнскa работна површина, маса, количка за послужување, итн.). Површините премачкани со Belinka Oil Food Contact подоцна треба да се премачкаат со истиот производ. Потребниот временски интревал на одржување зависи од видот на дрво, механичката оптеретеност и изложеноста на влажност. Кујнските елементи кои се често изложени на влажност мора да се премачкуваат почесто. Belinka oils се направени од природни состојки и не претставуваат опасност за здравјето и околината. Предупредување Крпите потопени со масло мора да се накиснат во вода или да се изгорат по употребата, бидејќи во спротивно можно е спонтано да се запалат. Се нанесува на дрвени површини без маснотии, восок или други нечистотии. Пред нанесување, дрвената површина треба да биде фино избрусена и исчистена од дрвен прав. Пред нанеусвање на маслото, дрвото мора да биде добро исушено, бидејќи во спротивно заштитата нема да биде ефикасна. Добро измешајте го производот пред употреба. Нанесете го маслото во обилно количество со помош на крпа, четка или валјак. По приближно 10-15 минути, избришете го прекумерното масло со чиста апсорбирачка крпа или хартија, и потоа исполирајте ја површината со сува крпа. За поголема издржливост на дрвото повторете ја постапката на нанесување по 24 часа. Дрвото е добро заштитено кога повеќе не го апсорбира маслото. Потребно е да се носи заштитна облека при работа со овој производ. Осигурајте се дека има добро проветрување додека премачкувате. Ве советуваме да не го употребувате Belinka oil food contact ако температурата е пониска од 15 °C. Исчистете ги алатите веднаш по употребата со вода и детергент, или со шпиритус.