
Лак за паркет Кромакс А
Двокомпонентен лак за паркет на полиуретанска база наменет за дрвени подови. Овој производ две децении е еден од најпродаваните лакови за паркет. Со нанесувањето се добива сјајна и блескава површина со одлични механички својства. Многу е тврд и затоа издржува гребење, не пука и има голема еластичност. Многу отпорен на хемиски супстанци и не му штети течност за чистење. Го задржува сјајот долги години. Однос на мешање: 1А:1Б Разредување: Производот е спремен за употреба. Време на сушење: На прашина 1 час на допир 3 часа. Примена: Двете компоненти добро се мешаат. Со четка се нанесува првиот слој на површина на која сме нанеле подлога за лак. После 24 часа се нанесува другиот слој откатко претходно ќе се избруси површината. При користењето на лакот добро да се проветрува. Со еден литар лак се премачкуваат 7-8m2.