Агнеса започнува со работа во 2000 година како локален мал бизнис со двајца вработени. Основна дејност уште во тоа време било трговија со железарија, водовод, одвод бои и лакови. Како што одминувало времето компанијата се развивала во правец на барањата и потребите на пазарот. Денес Агнеса е компанија која вработува преку 20 вработени распоредени во 3 продажни салони во Битола. Покрај малопродажбата ние како компанија развиваме и дистрибитувна мрежа на големопродажба во повеќето градови низ државата за продукти и брендови што сме дистрибутери а за дел од нив и генерални застапници. Во нашите продажни салони ќе најдете производи во делот на градежни материјали, санитарија, водовод и одвод, рачен и електричен алат, изолациони и фасадни системи, оков за мебел, електрика, опрема за дом и градина и останато. Нашата најголема трговска соработка ја остваруваме со високореномирани компании од Турција, Србија, Грција но и со компании од домашниот пазар. Меѓу нив би можеме да ги истакнеме следните: George Fischer, Bosch, Knauf, Baumit, Pevalit, Ovivo Elektrik, Akis Plastik, Euroser, Unverdi, Hipas, Kanat, Wurth, Noark, Tesay, Gama Banyo и др. Потрагата по подобриот продукт, модернизирање на работењето и сервисот, подобрување на условите за работа надополнето со инвестиции во човечкиот капитал и грижата за животната средина ќе бидат главните носители на компанијата кон остварување на нови цели и вредности во иднина.
Работно време во нашите продавници: