Молив за обележување кој е совршена алатка кога сакате да направите ознаки дури и на најнедостапните места. Содржи тенка мина од 2.8 mm и тенка основа со дијаметар од само 5.7 mm, со кои може лесно да направите ознаки и во дупки длабоки до 4 cm. Се одликува со ергономска пластична изработка, со жлебови за позиционирање на прстите и ребраста површина која ќе оневозможи лизгање. Универзалната мина од 120 mm обезбедува јасно видливи ознаки на површини како што се: гипс картонот, пластиката, металот, каменот, бетонот, обработеното дрво, ламинатот и сл. Истите можат лесно да се отстранат со гума или со малку влажна крпа. Има механизам на копче, за лесна заменливост. На самиот врв, моливот содржи интегрирана острилка, која ќе ви овозможи да ја наострите мината, за максимална прецизност. Исто така, има практичен дел кој овозможува да го закачите на вашиот ремен или џеб од кошула, за лесен пристап кога ќе ви биде потребен. Во нашата понуда ќе најдете и сет од заменливи мини во сива и жолта боја. Бренд: Wolfcraft
За сите порачки под 2999 ден: 180 ден
За сите порачки над 2999 ден: Бесплатна достава